| четврток, 6 декември 2018 |

7 дена пиела сок од кисели краставички: Еве што и се случило…

Редовно трчам на маратони, но единствена работа никогаш не ми била јасна зошто на маратонците им даваат да пијат сок од кисели краставички?

Најверојатно затоа што сигурно има некое влијание на тренингот и вежбањето, но за што точно се работи?

Бидејќи не верувала на зборовите за сите позитивни својства на сокот од краставички, една девојка одлучила да дознае за што точно се работи.

Судејќи според експертите, сокот од киселите краставички е богат со антиоксиданти кои се борат против ракот, содржи витамини А и Е, добар е во релугирањето на дигестивниот систем и регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Затоа одлучив цела недела секој ден да пијам по една чаша сок од кисели краставички.

Еве што се случува:

Ден 1

Обожавам да јадам краставици, но сепак бев исплашена со самата идеја да пијам сок од краставички.

Ми беше потребно некое време да соберам храброст и да ја испијам првата чаша.

Бев пријатно изненадена од вкусот – беше јак, но главно доминираше солта. Иако во себе има многу оцет, не беше премногу кисел.

Ден 2

Вториот ден ми се појавија менструални грчеви, па се надевав дека сокот ќе ми помогне.

Така, до крајот на денот грчевите исчезнаа.

Ден 3

Ми стана веќе нормално да пијам сок од краставички. По работата отидов на тренинг – и бев спремна на грчеви. Бев сигурна дека утрото се ќе ме боли.

Ден 4

Бев сигурна дека мускулите ќе ме болат, но не ме болеа.

Пријатно бев изненадена од тоа, благодарејќи на сокот од краставички.

Ден 5

И понатаму не чувствувам никакви последици од напорниот тренинг.

Сокот веќе стана сосема нормален и составен дел од мојот ден.

Ден 6

И покрај тоа што моето момче мрази краставици, немаше проблем да ме бакне. Уште една предннот на сокот од краставички. Уште една предност на сокот од краставички – не предизвикува ужасен здив иако има специфичен мирис.

Ден 7

Бев среќна што на мојот мал експеримент му дојде крај – не затоа што не уживав, туку затоа што повторно ќе јадам краставици како и сите нормални луѓе.

Експериментот беше успешен.

Резултати

Не можам да кажам дали сокот од краставички ми го регулираше нивото на шеќер во крвта или ми помогна да ослабам, сигурна сум дека ми ги реши грчевите и лошите денови.

Неговата најголема предност се однесува на вежбањето, и дефинитивно и во иднина ќе го пијам.

Го препорачувам на сите мои пријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top