| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на мртвиот маж на аеродромот

Мртвиот маж кој рано утрово околу 4 часот бил пронајден мртов во тоалет на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје е 52-годишен Британец.

„На граничниот премин на аеродромот обезбедувањето на аеродромот, во тоалетот, го пронашло В.M. (52) од Велика Британија, кој не давал знаци на живот“, соопшти МВР.

Смртта ја констатирал лекар од екипата за Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top