Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на повеќедневната работна посета на Вашингтон оствари средба со Моли Монтгомери, посебен советник за Европа, Евроазија и Русија на потпретседателот на САД Мајк Пенс.
Во текот на разговорот двајцата соговорници се осврнале на добрите билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области. Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија на која клучни надворешно-политички приротитети и се членството во НАТО, ЕУ како и развој на стратешкото сојузништво со САД.
„Во разговорот за актеулната политичка состојба во Република Македонија, Мицкоски ја информираше Монтгомери за бројните злоупотреби од страна на актеуалната власт поврзани со нетранспаретност, селективна правда и избегнување на одговорност за злоупотреба на законите. Тој потенцираше дека Република Македонија мора да се фокусира на реформи насочени кон создавање на посилна економија, се со цел поголема благосостојба на граѓаните во нашата земја“, соопштуваат од партијата.
Соговорницте се согласиле дека евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст