Германските медиуми ја опишуваат канцеларката Ангела Меркел како голема политичка губитничка после коалициските преговори со партијата на Мартин Шулц.
Политичките аналитичари сметаат дека конзервативците на Меркел платиле превисока цена само за Ангела Меркел да остане на позицијата канцелар на државата.
„Самоуништување. Германската канцеларка единствено што успеа да направи е да ја задржи позицијата канцелар. Но, нејзината партија (Христијанско-демократската унија) ја загуби својата политичка моќ“, заклучуваат на „Билд“ во првата реакција после претставувањето на коалицискиот договор.
Најмногу критики Ангела Меркел добива од своите поддржувачи затоа што го отстапи важното министерско место – финансиите кои што во иднина ќе бидат во рацете на Социјал-демократската партија на Германија на Мартин Шулц.
„Никој не разбира зошто се откажавме од ова министерство“, изјави Волфганг Басбах за “SWR”, еден од најистакнатите членови на партијата на Ангела Меркел.
Меркел на прес-конференцијата при претставувањето на коалицискиот договор мораше да го брани губењето на важното министерство за финансии кое што досега го водеше Волфганг Шојбле и кое што стана симбол на политиката на штедење за која што во Европската унија се залагаше Германија.
Реформи во ЕУ предводени од Шулц
Од друга страна, првиот човек на германските Социјал-демократи, Мартин Шулц при претставувањето на договорот говореше за „видливиот социјалдемократски тон“ со кој што договорот помеѓу двете партии бил обоен.
Сега се очекува Мартин Шулц кој што целата своја политичка кариера практично ја помина на функции во Европската унија, а на крајот како и претседател на Европскиот парламент, да биде министер за надворешни работи на новата германска влада и заедно со францускиот претседател Емануел Макрон да го превземе процесот на реформирање на ЕУ кој што го предлага токму Макрон.
Се огласија и од економското крило на “CDU” од каде што остро се критикува договорот помеѓу Меркел и Шулц и се опишува како „катастрофален документ“.
„Овој коалициски договор не ветува многу. Во “CDU” ќе има уште многу дебати за него“, порачаа од економското крило на партијата која што ја предводи германската канцеларка Ангела Меркел.
Пресврт во мигрантската политика?
Претседателот на “CSU”, баварска партија која што е во коалиција со партијата на Меркел, Хорст Сехофер ќе го превземе важниот ресор за внатрешни работи кој што традиционално во изминатите години беше во рацете на партијата на Меркел.
Претседателот Хорст Сехофер кој што е познат како најжесток критичар на либералната мигрантска политика на Ангела Меркел, ќе го превземе ова важно министерско место и со тоа и надлежноста за чувствителното прашање околу мигрантите. Како што потсетува “Huffington Post”, ако десничарската „Алтернатива за Германија“ има најостар став против мигрантите, втората партија која што зазема најрадикални позиции против мигрантската политика е токму “CSU”.
Од “CSU” имаат намера да воведат рестрикции против мигрантската политика, а веројатно и депортации и со тоа да обезбедат поволна позиција на локалните избори во Баварија. Со воведувањето на ред кај мигрантската политика, од “CSU” се надеваат дека ќе ги вратат гласачите кои што се против мигрантите и на минатите избори масовно гласаа за „Алтернатива за Германија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст