Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е отворен за специфично спомнување на Корзика во францускиот Устав, но ја отфрли можноста за усвојување на корзикански јазик и давање статус „жители на Корзика“.
За време на неговата прва посета на Корзика, откако е избран за претседател на Франција, Макрон рече дека на коризиканскиот јазик нема да му биде даден официјален статус и оти на локалните власти нема да им биде дозволено да ставаат вето на купување имот на островот.
Макрон рече дека спомнувањето на Корзика во францускиот Устав би довело до признавање на неговиот идентитет, но и би го „вкотвило“ во рамките на Франција.
Тој уште вчера, по доаѓањето на Корзика, се заложи за единство на Француската Република, во момент кога се зајакнува влијанието на националистите на овој медитерански остров.
Францускиот претседател, кој престојува во дводневна посета на островот, потсети на значајната улога на Корзиканците во ослободувањето на Франција во Втората светска војна.
Три дена пред посетата на Макрон, на Корзика, која е дел од Франција од 1768 година, беа одржани протести на кои илјадници демонстранти бараа поголема автономија, еднаков статус за корзиканскиот јазик и ослободување на, како што ги нарекоа, „политичките корзикански затвореници“.
Претседателот на Извршниот совет на Корзика, Жил Симеони минатата недела изјави дека Франција си игра со оган со тоа што ги одбива барањата за поголема автономија на Корзика. Тој го повика францускиот претседател Макрон да почне дијалог за поголема автономија на Корзика за време на посетата на островот.
– Во текот на 1980-тите и 1990-тите години, кога националистичките движења претставуваа малцинство, владите преговараа со луѓето во фантомки… денес претставуваме мнозинство и нема друг пат освен демократија, но Владата не сака да попушти во ништо. Тоа е неприфатливо, рече Симеони.
Националистите на Симеони победија на локалните избори во декември, барајќи поголема автономија, но не и независност од Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст