Ако сте верни на класичниот начин на отстранување на влакна по пат на жилет, експерти советуваат да водите сметка околу начинот на кој го користите.
Покрај тоа што жилетот нема да биде повеќе толку ефикасен после често бричење, поради што можете и да се исечете, нередовното менување на жилетот може да предизвика и бројни инфекции.
Во однос на тоа дека повеќето луѓе го чуваат жилетот во туш-када или кабина, односно на влажни места, тоа создава идеални услови за ширење на бактерии.
Па, колку често би требало да ги менуваме жилетите?
Британски дерматолог советува дека треба да го менуваме на секои 5 до 10 туширања (во зависност од тоа колку често се бричите), што отприлика значи еднаш неделно.
Во случај да забележите дека жилетот не отстранува лесно влакна, најдобро е веднаш да го фрлите.
Експерти советуваат дека секогаш после употреба е најпаметно да го измиете и да го оставите да се исуши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст