| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието на доверители одлучи „Фени“ да се реорганизира

Собранието на доверители на кавадаречки „Фени“ едногласно прифати стечајот на комбинатот да се решава со реорганизација.

Го задолжи стечајниот управник од една страна и банките доверители од друга страна, во рок од 45 дена да изготват планови за реорганизација со кои „Фени“ треба да излезе од кризата.

По истекот на овој рок Собранието на доверители треба да реши кој од двата плана ќе биде прифатен.

Во меѓувреме комбинатот се подготвува да почне со производство откако одборот на доверители одлучи фабриката да му ја даде под закуп на швајцарскиот „Фос асет“ менаџмент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top