| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање за кинеската традиционална култура

Предавање за кинеската традиционална култура и современото кинеско општество ќе се одржи денеска во Скопје во организација на институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предавањето, како што најавуваат организаторите, ќе го одржи Ке Џинг, која е редовен професор на Универзитет за странски јазици во Пекинг.

Овој реномиран Универзитет е главниот акадамески центар за изучување и истражување на странски јазици во НР Кина и има основано дури 27 институтити „Конфуциј“ во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top