| четврток, 6 декември 2018 |

Вулин: Почетокот на крајот на Голема Албанија треба да биде во Косово

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин изјави дека процесот на запирање на проектот „Голема Албанија“ (албански националистички експанзионистички проект – н.з.) треба да започне во Косово и Метохија, пренесува „В92“.

Говорејќи на тркалезна маса посветена на внатрешниот дијалог за Косово во Србија, Вулин изјави дека Белград не смее да дозволи создавање на „Голема Албанија“ на своите граници и да остава на други да ги цртаат овие граници.

Според агенцијата „Бета“, Вулин исто така истакнал дека „треба да се признае, дека не се бара решение и дека преговорите не се водат со Приштина, туку со Тирана“.

Вулин е цитиран како опишува „албанскиот фактор“ на Балканот како „неслучаен“, како и „обединет, субординиран и со многу јасни идеи и насоки“.

„Затоа не треба да замислуваме дека претставниците на албанската заедница би можеле да дејствуваат на друг начин, независно од тоа каде точно се наоѓаат на Балканот“, смета Вулин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top