| четврток, 6 декември 2018 |

Кој бил целта: Во Белград уапсен маринец кој требало да „заврши работа“ и да исчезне

Во изнајмен стан во Белград е уапсен поранешен маринец од САД кај кого е најдена снајперска пушка со избришан сериски број. Тој бил член на елитната група „Тим 6“ кој ги извршувала најсуровите операции во Сирија,Ирак и во Авганистан.

Српската полиција ги пресретнала разговорите на неговите двајца помагачи кои се договарале „Маринецот“ да заврши работа и да исчезне, пишува „Информер“.

Службите се сомневаат дека тој имал намера да изврши атентат на некој политичар а интересно е што „Маринецот“ бил вработен во израелска служба за обезбедување која важи за блиска до косовските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top