Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Западен Балкан нуди јасна европска перспектива за сите шест земји од регионот, но Брисел нема да дозволи прием на земји со отворени прашања, изјави на денешната прес-конференција во Скопје шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар по презентацијата на стратегијата за Западен Балкан.
За него, датумот е охрабрувачки, но до 2025 не очекува ниту една земја да влезе во ЕУ гледајќи ја динамиката со која се спроведуваат реформите.
„Самата стратегија препознава дека во Македонија е направен значаен прогрес во реформите во изминатите месеци, но исто така се кажува дека Комисијата е подготвена за преговори за вклучување на Македонија. Стратегијата поставува временска рамка од две години, која е мошне амбициозна, но и потенцијална, посебно за земјите што се во фаза на преговори за ЕУ, но не се исклучува можноста земјите што треба да почнат со преговори да ги завршат пред оние што моментно преговараат. Од страна на Западен Балкан јасно беше кажано дека засега ниту една држава не е подготвена да влезе во ЕУ. Треба да се промени начинот на спроведување на реформите, како и начинот на преговори. Стратегијата има нова динамика од страна на регионот за да може да ги регистрира овие недостатоци”, вели Жбогар во однос на интеграција на Македонија во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


