| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатот Дукоски поднел иницијатива до Уставниот суд за Законот за амнестија

До Уставниот суд е поднесена иницијатива за оценка на уставноста на Законот за аместија. Иницијативата е поднесена од страна на адвокатот Сашко Дукоски.

Дукоски го оспорува членот 3 од законот, кој според него се коси со членовите 8 и 9 од Уставот на Република Македонија. Во членот 9 од Уставот се наведува дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, а членот 8 вели дека темелните вредности на уставниот поредок се владеењето на правото и основните човекови права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top