
Дарко Лазиќ дошол на тезга вчера во еден локал и се изненадил кога видел дека дека сите новинарски екипи дошле на неговиот настап. Видно расположен, насмеан , пејачот со смеа одговарал на сите прашања.
-Се чувствувам феноменално. Немам поим дали ќе се смирам со Ана. Разводот никому не носи добро, да не се лажеме – рекол насмеаниот Дарко.
За чувствата кон Ана не сакал многу да коментира.
-Гледаш, не сакам ништо да коментирам за тоа. Не е ниту време, ниту место. Детето го чуваме најдобро можно. Таа сепак е мала и не знае што се случува. Ана и јас заедно ќе дадеме изјава за тоа. Ние сме во контакт, се е најнормално, се е ОК, подобро од било кога – рекол видно расположниот Дарко и додал дека никаде не избегал и дека се уште никој не знае каде тој живее.
-Ана остана во станот, а мислам дека никому не му годи самечкиот живот. А немам ниту нова девојка, што ќе ми е – бил јасен Лазиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


