Ќерката на поп-дивата Бијонсе и раперот Џеј-Зи, шестгодишната Блу Ајви Картер живее ужива бројни привилегии од мали нозе благодарение на своите родители милионери.
Меѓу другото, девојчето има свој личен готвач, како и стилист – Мануел Мендез, кој работи во менаџмент компанијата на Бијонсе, „Парквуд“. Тој има задача секој ден да одлучува што ќе облече Блу Ајви.
Кога се работи, пак, за свечени елитни настани, тој го облекува детето во лимитирани „котур” креации. Пример за тоа е фустанчето „Мишка Аоки“, кое чини 8.000 фунти, и кое популарната Блу Ајви го носеше на доделувањето на Ем-Ти-Ви музичките награди.
Блу Ајви има дури пет живеалишта – во Њујорк, во Хемптонси, Мајами и две во Лос Анџелес, а ја чуваат две дадилки, кои, меѓу другото, имаат задача да ја подучуваат француски и свахили јазик, како и уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.