Франциско рекол дека жртвите никогаш не му се обратиле по прашањето за однесувањето на Барос, кој е обвинет дека бил запознаен за случаите, но ги игнорирал.
Папата Франциско во 2015. година добил писмо во кое се наведува детален опис на сексуалните злоставувања кои ги затскриле црковните власти во Чиле, објавила агенцијата “AP”, која наведува дека тоа е во спротивност од инсистирањето на папата дека не добил исповеди од жртви на злоставувањето.
Американската агенција наведува дека писмото го добила од Хуан Карлос Круз од Чиле, кој бил жртва на злоставување.
Членовите на комисијата на папата за истражување на сексуална злоупотреба наведуваат дека тие одлетале во Рим во 2015. година, за специјално рачно да му го достават писмото на советникот на папата, кардиналот Шом О’Мали. Круз и членовите на комисијата истакнале дека О’Мали ги уверил дека писмото ќе му го достави на папата.
Папата Франциско неодамна предизвикал незадоволство во јавноста затоа што го бранел бискупот Хуан Барос. Франциско рекол дека жртвите никогаш не му се обратиле по прашањето за однесувањето на Барос.
Католичката група Лаикос де Осорио од јужно Чиле, соопштила дека објавата на AP, која тврди дека папата директно слушнал за проблемите на жртвите, “носи крај на оваа реторика на нулта толеранција”.
Портпаролот на оваа група, Хуан Карлос Кларет рекол дека папата и неговите соработници мора сега да одговорат на прашањето “кој одлучил константно да ги дискредитира сведоштвата на жртвите”.
-Не е можно да се тврди, како што некои го прават тоа, дека папата не знаел…Наместо тоа, ние имаме папа кој во целост бил запознаен со сето тоа и повторно одлучил заедницата да ја изложи на патење, рекол Кларет.
Во извештајот на AP, се наведува дека во 2015. година папата Франциско примил писмо до Хуан Карлос Круз, во кое се наведени детали од неговото злоставување и тоа како бискупот Осорно Хуан Барос наводно бил сведок на тој настан и го игнорирал.
Точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст