| четврток, 6 декември 2018 |

Полскиот претседател ќе го потпише спорниот закон за Холокаустот

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска најави дека ќе го потпише контроверзниот закон за Холокаустот, кој предизвика остри реакции во Израел, Украина и САД.

Шефот на полската држава, исто така, побара од Уставниот суд да одлучи дали законот е спротивен на Уставот во делот на слобода на говорот, како и за одредбата што предвидува затвор за оние кои го обвинуваат полскиот народ или држава за учество во нацистичките злосторства.

Законот предвидува до три години затвор за оние кои го користат изразот „полските логори на смртта“ и кои изјавуваат „јавно и спротивно на фактите“ дека Полска или полскиот народ се соучесници во злосторствата на нацистичка Германија.

Овие делови од законот доведоа до дипломатска криза со Израел, кој стравува дека со ова Полска се обидува да ја скрие улогата на оние Полјаци кои учествувале во убиствата или депоратцијата на Евреите за време на германската окупација на Полска во Втората светска војна.

Одредбите на законот во кои се говори за активностите на украинските националисти во период од 1925 до 1950, пак, предизвикаа незадоволство во Укарина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top