| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе се случи со Иван Херцег откако ќе ја напушти „Чиста љубов“?

Познатиот хрватски актер Иван херцег, кој го играше ликот на поранешниот полицаец Томо, главен лик во сапуницата „Чиста љубов“, повеќе нема да го гледаме во серијата. Поради надмено, недолично, неколегијално и непрофесионално однесување продукцијата го откажа неговиот ангажман и на негово место го ангажира Јанко Поповиќ Волариќ.
Изгледа Иван има кец во ракавот и како што пренесуваат хрватските медиуми, актерот веќе се снашол и се подготвува да замине за Русија. Сепак, Ива не сака да зборува многу за плановите.
-Се уште не можам да ви кажам нешто за моите планови, рекол Херцег, а одлуката да ја напушти Хрватска изненадила многу негови колеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top