| четврток, 6 декември 2018 |

Ракот почесто ги напаѓа мажите во Македонија

Мажите во Македонија почесто заболуваат од рак отколку жените, покажуваат резултатите што ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Македонија.

Од рак во Македонија во 2016 година починале 3.882 лица, а стапката на морталитет се движи од 183.3 на 100.000 население во 2010 година до 187.3 во 2016 година. Најмногу од заболените се од карцином на бронх и бели дробови, а скопскиот регион предничи со абнормални заболувања.

Во податоците кој денеска ги презентираше Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден за борба против ракот 4-ти февруари кој оваа година е под мотото „Ние можеме. Јас можам“, е наведено дека после скопскиот регион кој е со најголем морбидитет следен е пелагонискиот со 126.2 жители на 100.000 население кои се лекувани во болнички здравствени установи од малигни неоплазми.

Директорот на Институтот Шабан Мемети рече дека потребно е колективно да се анализираат стратегиите за контрола на ракот и да се превенира пред да се прошири.

– Целта на сите нас е што помалку луѓе да развијат рак, повеќе луѓе успешно да бидат третирани и да се обезбеди подобар квалитет на животот на луѓето во текот на третманот и подоцна во животот, истакна Мемети пренесувајќи ја пораката на Секторот за промоција, анализа и следење на незаразни болести (UICC).

Активностите за превенција на малигните заболувања во Македонија се одвиваат на сите три нивоа на здравствена заштита.

Проф. др. Елена Ќосевска информираше дека во рамки на секундарната превенција секоја година се работи на превенција на ракот на грлото на матката, на дебелото црево, простатата и ракот на дојката за кои се обезбедени бесплатни превентивни скрининг тестови. За три години од ализирани 95.519 ПАП тестови, а кај 9.997 се откриени абнормални промени. Ќосевска препорачува жените од 24-35 годишна возраст на направат ПАП тестиви, а мажите од 50-55 години да направат превентивен ПСА тест.

Дел од клучните пораки за превенција од ракот според Институтот е да се креираат здрави учлишта, здрави работни места, подобар пристап до нега на заболени од рак, инвестиција во контрола на ракот…

Малигните неоплазми со учество од 20 до 25 проценти се втор причинител за смрт во развиените земји во светот веднаш по кардиоваскуларните болести. Ракот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво. Секоја година кај повеќе од 14 милиони луѓе се дијагностицира рак, а се очекувада се зголеми на повеќе од 21 милион до 2030 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top