| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Кесовија: Тито сакаше да му пеам, ме учеше да се пазам од лоши луѓе

Додека некои пејачи кријат или не сакаат да зборуваат за средбите и настапите пред поранешниот југословенски Претседател, Јосип Броз Тито, славната пејачка Тереза Кесовија со тоа се гордее.

– Незнам зошто кријат, сите ние пеевме пред Маршалот. Јас многу често. Тој ги сакаше сите мои песни, а најмногу “Ноно, мој добри ноно“, “Нима Сплита до Сплита“, “Сунчане фонтане“…. Кога му пеев на пречекот на една Нова година во Караѓорѓево, Тито и Јованка ме поканија да седнам со нив на иста маса. Зопчна неврзан разговор, дури како со татко.

– Тој искрено ме советуваше да се чувам од лоши луѓе во странство. Се разбира дека ми се насолзија очите. Како што ми се насолзија и кога бев пред некоја година на неговиот гроб во Белград. Но, не ронев солзи како што пишуваа некои весници, туку само ме фати голема тага, некоја пуста носталгија за едно поминато време, кое беше убаво. Не сум нешто носталгична, гледам во иднината, но нека каже кој што сака, сепак живееме во една земја во која имаше некој ред, на чело со Маршалот, се сеќава Кесовија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top