| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна бомба пред министерството за одбрана во Солун

Експлозија од импровизирана експлозивна направа била предизвикана пред канцелариите на грчкото Министерство за одбрана во центарот на Солун.

Оваа импровизирана бомба пукна во утринските часови, а експлозијата предизвика помали штети на фасадата на Министерството.

Пожарникарите пристигнале на лице место и го изгаснале огнот што гореше по експлозијата.

Во експлозијата нема повредени. Засега нема информации кој ја подметнал импровизираната бомба, но се претпоставува дека е дело на некоја анархистичка група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top