| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лондон денеска ќе се одлучува дали ќе биде повлечен налогот за апсење на Асанж

Британски суд денеска попладне треба да одлучи дали таа држава ќе го повлече налогот за апсење на основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Со тоа ќе биде отстранета значајна правна пречка за негово напуштање на Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Доколку судијата пресуди во корист на Асанж, тој ќе може да излезе од Амбасадата првпат по пет години, но и ќе може да остане во Амбасадата со оглед дека и понатаму постои обвинување во САД поради објавување доверливи американски документи. Асанж ќе може да замине за Еквадор каде му е понудено државјанство и азил.

Доколку судијата не пресуди во корист на Асанж налогот за апсење ќе биде и понатаму во сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top