Доцна синоќа, во околу 2 часот по полноќ, завршила заложничката драма во фабриката на „Веибо“ во Крива Паланка, дознава Република.
Директорката на „Веибо груп“ Кристина Јакимова заедно со менаџментот во кој има и турски државјани синоќа ја посетила фабриката за да ги земе документите за нејзино затворање. Но, откако влегле во фабриката која не работи од први месецов, дворот на објектот бил опколен од група на работници кои неколку часови не им дозволуваа да излезат од фабриката. По повеќе од 7 драма и преговори преговори, работниците го ослободиле менаџментот кој рано утринава пристигнал во Скопје.
-На помош дојде и полицијата а медијатор во преговорите за ослободување на менаџментот беше градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој заедно со четворица вработени влезе во опколената компанија. Работниците се договорија со менаџментот од фабриката, која ќе оди под стечај, да не се изнесуваат машини додека не се исплатат трите заостанати плати. – вели нашиот извор.
Поради затворањето на фабриката на улица ќе останат 210 вработени. Менаџментот на компанијата минатата недела се огласи со соопштение дека фабриката мора да биде затворена, затоа што тие веќе немаат моќ да функционираат и не сакаат да се доведуваат во големи загуби.
Повеќе детали за синоќешната заложничка драма:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст