Минатата година на почетокот на декември од дождот прокиснаа неколку објекти. Меѓу кои и Архивот. Сега јавноста се информира дека бидејќи прокиснува зградата Архивот ќе се сели. Но тој може да се санира за што постои и правна процедура кој, како согласно со закон.
Објектот го градеше најголемата македонска градежна компанија Гранит. И согласно правните норми ситуацијата е многу јасна. Одговорноста за тоа согласно законот треба да бара од нив.
СДСМ се власт 8 месеци и има начин да ги санираат штетите. Но очигледно според постапките планот е секој пат кога ќе заврне да да се вадат на иста приказна, дали нешто чини, дали е квалитетно и слично. Работата е едноставна треба да се следи поточно почитува законот. А целата работа имаше три месецо за да се санира.
Повик дека треба да се преземат правни мерки упати и Димитар Апасаиев. Тој на својот Фејсбук профил јасно кажува „преземете правни мерки за оштета против изведувачот на работите“. Инаку тоа им е и службена должност.
Тој пишува:
„Еве, за почеток, ќе ви го посочам чл. 663 од Законот за облигациони односи:
„Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градеж што се однесуваат на неговата солидност, доколку тие недостатоци би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите.
Истото важи и за проектантот, ако недостатокот на градеж произлегува од некој недостаток во проектот.
Оваа одговорност не може со договорот ниту да се исклучи, ниту да се ограничи“.
Апасиев и наведува: „Нарачувачот или друг стекнувач е должен за недостатоците да ги извести изведувачот и проектантот во рок од шест месеци од кога го установил недостатокот, инаку го губи правото да се повика на него“
Оттука значи СДСМ има можност да побара објаснување од „Гранит“, кој треба да даде решение за проблемот. Зградата е 8 години стара.
И лани протекло, а сепак СДСМ не предвидел пари во буџетот за санација за што пишуваа медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст