Предуслов за влез во НАТО и ЕУ е името да се реши на начин на кој ќе се исклучи секаков вид на иредентизам, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Лариса, говорејќи пред припадници на грчкото воздухопловство.
Прокопис Павлопулос, јавува дописникот на МИА од Атина, смета дека „денешното име признато и од други земји, јасно зрачи иредентизам“.
– Истите барања на меѓународната заедница на НАТО и на Европската унија покажуваат дека името зрачи иредентизам. И тоа е реалност. Оваа земја, која ние ја сакаме за сојузник, за пријател и во НАТО и Европската унија, треба да избере. Сака перспектива? Ако сака ќе треба да ги направи неопходните промени во целиот правен поредок, почнувајќи од нејзиниот устав, каде ќе постои промена на нејзиното име и секако оваа промена ќе биде проследена и со гаранции што го исклучуваат иредентизмот и во однос на границите и во однос на националноста и во однос на јазикот, рече Прокопис Павлопулос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст