Од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери информираат дека амандманите се предведени и оти тие сега технички се средуваат и се групираат, но оти се уште не се знае кога ќе се расправа за нив.
Аманданите се на дневен ред на 32. седница како осма точка, но таа беше прескокната со образложение дека не се создадени технички услови за да се расправа за нив. На оваа седница на дневен ред се и измените на законите со кои се намалуваат патните трошоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица, законот за минерални суровини, по скратена постапка, како и други финансиски планови, одлуки и извештаи.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери претпладнето одржа редовен координативен состанок со претставниците на пратеничките групи, но од оваа средба официјално е дека договорените активности за неделава ќе бидат објавени на веб-страната на законодавниот дом. Засега нема закажано нови пленарни седници, ниту продолжение на некоја од веќе започнатите седници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст