| четврток, 6 декември 2018 |

Директор и раководител наредиле на вработените во работното време да им ги градат викендичките

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против И.А. (45) и М.П. (51), двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што информираа од МВР во временскиот период од 2015 до 2017 година, првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“–Кавадарци, и второпријавениот, како раководител на „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, им наредиле на дел од вработените во текот на работното време да извршуваат градежни работи на нивните приватни викендички.

На овој начин, по основ на исплатени бруто плати за ангажираните работници, го оштетиле Јавното претпријатие „Комуналец“- Кавадарци за 234.281 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top