| четврток, 6 декември 2018 |

Поп Ацев четврти, Илиевски осми на ултрамаратонот во Аргентина

Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, македонските маратонски пливачи успешно го завршија настапот на првата трка од ФИНА Ултра маратонската серија, што се пливаше во Аргентина.
Маратонот Санта Фе – Корнода во должина од 57 км., Поп Ацев го исплива со време од 7:47:15.21 часа со кое заврши на четвртото место со заостанување од 14 минути и 57 секунди зад победникот Гиљермо Бертола од Аргентина. Александар Илиевски заврши на осмото место со време од 7:51:18.88 часа.
Победникот на трката, Аргентинецот Гиљермо Бертола низ целта мина со резултат од 7:32:18.09 часа. На второто и на третото место завршија италијанските маратонци Едоардо Сточино (7:34:33.50 ) и Симоне Ерколи (7:34:36.72).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top