Со оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов-Дац, Министерството за култура, за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска која, согласно со законот, е од вработените во театарот, продуцент во МНТ.
– Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите инститции, согласно со измените на законите за култура и за државна администрација, прво треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден до два месеца – рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Драган Спасов поднесе оставка и Министерството му ја прифати откако на 30 јануари со возило повреди пешак.
Симона Угриновска дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за драмски уметности – отсек продукција, во класата на проф. Мартин Панчевски, во 1993 г. Како продуцент работела и во Македонска радио телевизија и во Министерството за одбрана како помошник министер за издавачка дејност и аудуо и видео продукција.
Продуцент е на над 15 театарски претстави: „Бесови“ (2011), во режија на Златко Славенски; „Свадбата на Фигаро“ (2011), во режија на Леван Цуладзе; „Парите се отепувачка“ (2011), во режија на Бојан Трифуновски; „Животот е сон“ (2012), во режија на Владо Цветановски; „Подемот и падот на кабарето“ (2013), во режија на Владимир Милчин; „Вечната куќа“ (2013), во режија на Дејан Пројковски; „Аферата Елсињор“ (2014) во режија на Љубиша Георгиевски; „Сината птица“ (2014), во режија на Златко Славенски; „Да тргнеме Сењор“ (2014), во режија на Нела Витошевиќ; „Вујко Вања“ (2015), во режија на Зоја Бузалковска; „Мајсторот и Маргарита“ (2015), во режија на Иван Поповски; „Чикаго“ (2015), во режија на Наташа Поплавска; „Брачна игра“ (2016), во режија на Тони Михајловски; „Прекината одисеја“ (2016), во режија на Јацег Гломб (копродукциски проект помеѓу НУ МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ од Полска); „Соларис“ (2016), во режија на Андриј Жолдак; „Квартет“ (2016), во режија на Зоја Бузалковска; „Тартиф“ (2016), во режија на Галин Стоев; „Говорна мана“ (2017), во режија на Драгана Милошевска, „Авантурите на Аладин“ (2017), во режија на Бојан Трифуновски; „Мамма Миа!“ (2017), во режија на Наташа Поплавска и „Госпоѓиците од Авињон“ (2018), во режија на Ненад Витанов, известија од НУ Македонски народен театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст