Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди од кои една со загинато лице, една со тешки телесни повреди, 10 со телесни повреди и 10 со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице починало (моторциклист), едно лице се здобило со тешки телесни повреди (велосипедист), додека 16 се здобиле со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 105 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 41 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа четири бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол, 33 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување моторно возило и четворица бидејќи биле возачи почетници.
Исто така, 27 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 25 биле нерегистрирани, додека две биле технички неисправни. Седум возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, шест не дале првенство на минување, пет неправилно се престроиле и двајца неправилно престигнувале. Преземени се мерки и против еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови исто така издадени се 167 мандатни платни налози, додека 125 возила се подигнати со „пајак”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст