По поројниот дожд кој синоќа ја зафати цела Македонија, голем број на граѓани останаа без домови. Во поплавите беа уништени нивните куќи, а тие во страв останаа да се снаоѓаат сами, каде ќе преспијат и што можат да спасат од уништените домови.
Со големи количини на вода се зафатени 50 куќи во Кичево, излеани реки поплавија домови во неколку градови, поплавена е улица во Волково, неколку села во Македонски Брод се отсечени, врнежи направија значителна штета во Демир Хисар, а големи поплави им предизвикаа проблем и на граѓаните во Охрид и Тетово.
Но, овие луѓе се оставени сами на себе. Премиерот Зоран Заев ниту ги посети, ниту се интересира за нивните проблеми. Тој денес одлучи времето да го помине на забавен начин. Заев денес е во Берово каде си вози теренски возила со пријатели и сопартијци на „офроуд“ авантура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.