Она што загрижува е зголемувањето на задолжувањата, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека во овој момент имаме нето задолжување откако новата Влада стапи на сцена во Република Македонија, од околу 80 милиони евра.
Вкупното задолжување е 700 милиони евра заедно со девизните резерви и еврообврзницата од јануари.
– Девизните резерви се намалени за 110 милиони евра, што не мора да значи дека се повлечени за поддршка на ликвидноста на буџетот има и други, курсни разлики, отплата на стари долгови како што велат, но факт е дека нето задолжувањето и намалувањето на државните резерви е околу 200 милиони евра. Ако на тоа ја додадете и еврообврзницата која е земена, доаѓаме до една алармантна бројка од 700 милиони евра нето резултантно задолжување која Македонија го има во периодот откако дојде оваа влада до 31-ви јануари, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи