Судската кампања против лица од ВМРО-ДПМНЕ се одвива со полна пареа. Очигледно, во услови кога се потпиша срамниот и штетен договор со Бугарија, кога се турка неуставната двојазичност и наголемо се подготвува промена на името и идентитетот на македонскиот народ, потребно е ден порано да се завршат судењата.
Потребно е да се осудат што повеќе луѓе и секој ден да ги има тие судења за контролираните медиуми на власта да имаат „коска за глодање“ за да ја дефокусираат јавноста од процесот на редефинирање на Македонија по сите основи. Судите ја добија задачата да одработат за власта, особено откако се сменија судиите и се поставија проверени и прифатливи за ,,Бихаќка“ судии. Судската кампања веќе е во полн ек.
Рочишта секој ден. Еден обвинет на 4 рочишта во неделата, или на три од три различни предмети. Фер судење само на хартија и декларативно. Во реалноста- политичко судска тортура.
Заев е на мака. Историјата и учебниците ги даде во рацете на Бугарија, неуставната двојазичност ја испорача на парламентот, а сега доаѓа најтешкото: името и идентитетот.
Судиите и обвинителите се наклонети кон него и имаат разбирање кога треба да се сретне со некој вработен во амбасада или кога треба да се смисли начин како да се изземат снимките што се законски прибавени и кои се доказ против него.
Со огромно разбирање се и кога треба да се одложи закажаното рочиште за Заев, кое и онака се закажува на месец и половина до два, додека за овие вмровците бидејки го бранеа името, идентитетот и историјата, рочишта се закажуваат на 10 до 15 дена. Дополнително се пуштаат нови и нови обвиненија против политичките неистомисленици за секој ден да бидат во суд.
За Заев, за кого две ипол години се одложува почетокот на судењето во делот во кој треба да се изложат доказите, дури и обвинителот смислува причини да му го одложи рочиштето, ама затоа за Груевски, Миле Јанакиевски, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска и останатите, се тече како подмачкано, и сите сложни, и обвинителите и судиите, за едно до две рочишта доаѓаат до фазата за изложување на доказите.
Замислете, каков скандал ќе беше, ако обвинителството одбиеше да му ги даде доказите на Заев за да може да ги види и анализира пред да му се презентираат на суд. Ќе слушавме за „сваровски судство“ , за партиски судии, за потреба од реформи во судството, за смена на сите судии, и што ли уште не.
Во судската кампања против ВМРО-ДПМНЕ, судиите долго се мислат, на пример, дали да му наложат на СЈО да ги даде доказите на одбраната, затоа што обвинителката Лиле Стефанова рече дека ако ги дале снимките на обвинетите можело да се манипулира и со нив. И тоа, не било кои докази, туку оние кои од незаконски. Со одлука на Лилјана Шопова, која е преплашена да не ја сменат од судија баш сега пред пензија, тие снимки се претворија како да се законски докази: креираните снимки , за кои не се знае ни колку се целовити, ниту дали СЈО и СДСМ ги дале сите снимки, или само оние со кои можат да направат конструкција против политичките противници. Кампања си е кампања.
Судиите се построени. Кој не им е сигурен играч е сменет и поставени се најдоверливите, кои сега треба да испорачаат осудителни пресуди, ама брзо, инаку не им се важи услугата. За медимумите и јавноста не треба да се грижат. Безмалку сите медиуми или се поддржувачи на СДСМ или се уценети и не смеат да се спротистават. За судот на историјата, не се загрижени оти Заев им кажал дека победникот ја пишува историјата. Но, пропуштил да им каже дека во едно демократско општество нема траен победник. Победниците се менуваат на избори на секои четири години, а оваа марионетска власт, нема да дотурка ни две.
Во оваа кампања, судиите имаат предизвици, кои ако ги решат законски, може да имаат проблем како да дојдат до осудителна пресуда. На пример судијата Горан Бошевски се соочи со аргументирано барање на одбраната да ги отфрли вештачењата од вештите лица заради повеќе противзаконски работи.
Прво, и додека го правеле и кога го завршиле и предале вештачењето на СЈО, вештаците немале лиценца за вештаци, односно им била истечена. По закон без лиценца неможат да прават вештачење. Како сега судијата ќе напрвави чекор прорив СЈО, па дури и ако им вети дека еве тој ќе нарача вештачење наместо нив?
Второ, вештачењето го правела подружница на странска фирма во Македонија, што согласно закон не е дозволено, каде патем кажано еден од управителите бил сосема случајно Димитар Бузлевски поранешен потпретседател на владата на СДСМ.
Трето, СЈО при ангажманот на вештаците не спровело набавка согласно законот за јавни набавки, што е нивна обврска. Согласно член 17,став 1, алинеја 1 од законот за јавни набавки, и член 2, став 1, алинеја14 од Уредбата на договорите за јавна набавка на услуги, за користење на услуги за вештачење од приватни лица, задолжително се применуваат одредбите од законот за јавни набавки. Ова освен што му прави главоболка на судијата, затоа што ќе треба да донесе одлука против СЈО, истовремено е и допрен глас до новиот јавен обвинител на РМ во ОЈО, да направи истрага и отвори случај за незаконско постапувањево СЈО и непочитување на законот за јавни набавки.
Доколку се охрабри да реагира ОЈО, треба да ја провери и набавката на рент-а-кар возила во првите 4-5 месеци од страна на СЈО која е без јавен тендер, а согласно закон тој е задолжителен.
Судската кампања е во длабок ек. И покрај тоа што за случаите на обвинетите од ВМРО се ангажираа најподобните судии за власта, кои и онака сакаат да се пресметаат со ВМРО од идеолошки, партиски и лични причини, сепак, дел од судиите во основниот суд Скопје 1 самите приватно и зад микрофоните кажуваат дека се под голем притисок на новиот претседател на судот да не дозволат одложувања на рочиштата, и да ги тераат брзо судењата и пресудите, по секоја цена. Поплаките на обвинетите кои во една недела се на неколку различни рочишта и кои се жалат на мобинг и нефер услови за судење заради немање време за подготовки, се игнорираат. Судењето станува фарса. Обвинетите се однапред осудени во еден класичен монтиран политички прогон. Судија од основниот суд Скопје 1, кој побара да остане анонимен ни рече: овие предмети воопшто не требаше да се прифатат за судење, затоа што немаат докази и се чиста политичка работа, но не преплашија, и не можевме да издржиме.
Голема група судии речиси ослободени од друга работа, насочени се само кон ВМРО-ДПМНЕ, рамо со рамо со СЈО да дојдат до целта. Последна ваква кампања во Македонија имало помеѓу 1945 и 1955 година, во пресметака со се што се спротиставувало на тогашниот режим. Таа кампања не запре до 1980тите години. Имињата на тие судии денес се напишани на црните страници на историјата. Ликовите на обвинетите и осудените, денес се низ македонските музеи и на плоштадите низ Македонија со споменици од нивниот лик.
Извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст