| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавени 50 куќи во Кичево – мајка и дете евакуирани

Поради излевање на реката Темница од своето корито, поплавени се околу 50 куќи на улицата „Прилепска“ во Кичево, пренесува Телевизија Шења.

Од Центарот за управување со кризи велат дека жена и дете биле евакуирани во текот на вечерта, и дека за настаната ситуација се информирани надлежните органи.

Во општина Охрид, од речното корито се излеа реката Коселска, каде што беа поплавени некои куќи, додека во селото Косел преплавено е земјоделско земјиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top