| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе побара ли и Заев за Македонците: Рама бара враќање на имотите за Чамите и подигање споменик

Албанскиот премиер Еди Рама и порача на Грција дека треба да ги прифати барањата на Албанија кога се во прашање Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија) и оти треба да се подигне нивен споменик во Грција.

Гостувајќи во емисјата „Real Story“ на тиранската телевизија „Визион плус“ Рама посочи дека барањето на официјална Тирана упатено до Атина да го признае правото на имотот на Чамите во Грција е основно човеково право, што го гарантираат и меѓународните конвенции.

– Грците велат дека прашањето за Чамите не постои, бидејки тие тоа го оправдуваат со тоа дека прашањето е проблем со територијални пратензии на Албанија кон Грција. Ние немаме територијални претензии, туку бараме во согласност со меѓународното право да им се вратат имотите на Чамите, кои се Албанци и кои имаат свои имоти во Грција, рече Рама.

Барањето на Рама, предизвикало реакции во грчките медиуми, а весникот „Елетерос типос“ тоа го нарекува „Бомба на Рама насочена кон Грција“.

Претходно шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на седница на Комисијата за надворешна политика во собранието на Албанија изјави дека се очекува Тирана и Атина да ги надминат разликите за имотите на Чамите во Грција.

На тоа веднаш рагираше неговиот грчки колега Никос Коѕијас повторувајќи го веќе познатиот став на Грција дека „не постои прашање за Чамите“.

Според здружението на Албанците „Чамарија“, Чамарија е територија во Грција во која живееле етнички Албанци, а останала надвор од Албанија на амбасадорската конференција во Лондон 1913 година.

Областа ѝ била доделена на Грција, а во 1945 година повеќе од 35.000 етнички Албанци биле протерани а неколку илјади убиени поради „соработка со окупаторските германски и италијански власти“.

Вредноста на имотот на протераните Чами, тврдат од здружението, тогаш изнесувал околу 350 милиони американски долари, но оти тие сега вреди многу повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top