| четврток, 6 декември 2018 |

Урнат руски авион во Сирија, пилотот заробен (видео)

Руски воен авион бил соборен во североисточниот дел на Сирија, според тамошните извештаи. Несреќата сo авионот „Сухој-25“ се случила во област под контрола на бунтовниците.

Според сириската опсерваторија за човекови права, пилотот се катапултирал по што бил заробен. На социјалните мрежи, ојавено е видео кое наводно го покажува моментот кога авионот бил погоден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top