| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски ќе ја запознае Естонија со известициските потенцијали на Македонија

intervju gruevski2

Денеска владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, ќе престојува во политичко-економска посета на Република Естонија.

Во состав на владината делегација што патува за Естонија, освен премиерот Груевски, се и заменик-премиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо и портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Предвидено е премиерот Груевски да има средба со претседателот на Владата на Естонија, Андрус Ансип.

Воедно, владината делегација ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис-форум во главниот град на Естонија, Талин, на кој ќе бидат претставени поволностите кои Република Македонија им ги овозможува на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнис, со цел зголемување на можностите за економската и трговската размена и соработка во полето на инвестициите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top