Amazon е новиот највреден бренд во светот според извештајот на Brand Finance Global 500. Компанијата успешно се позиционираше пред своите главни конкуренти Apple и Google благодарение на својот годишен раст од 42% и вредност од 150,8 милијарди долари.
Една од причините која придонесе за неверојатниот раст на компанијата е преземањето на синџирот маркети Whole Foods во август минатата година.
Apple се задржа на втората позиција со вредност од околу 146,3 милијарди долари, но се смета дека на долг рок, најверојатно, нема да претставува закана за Amazon, главно заради прекумерната зависност од продажба на само една линија на производи, односно уредот iPhone.
Google, кој се наоѓаше на првото место, сега падна на трето, со релативно мал раст од само 10%, на 120,9 милијарди долари. И тука забавувањето е условено главно од прекумерното потпирање на одредени сектори, како што е онлајн огласувањето.
Првите пет позициите на листата ги надополнуваат Samsung (92,3 милијарди долари) и Facebook (89,7 милијарди долари) и ова е за прв пат сите пет врвни позиции на светската листа да ги држат технолошки компании.
Кинеските брендови се приближуваат и најдоа место меѓу првите дваесет рангирани компании на листата, но се претпоставува дека ќе ги стигнат американските технолошки брендови во иднина. Alibaba, во сопственост на милијардерот и основач Џек Ма, бележа раст од 58% до вредност од 56 милијарди долари и се позициронираше на дванаесеттото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст