| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот писател Теодоропулос за македонскиот идентитет и јазик го употреби изразот „Македонија Прајд“

По теркот на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос, кој партијата „Виножито“ околу која гравитира македонското малцинство во неговата земја среде Скопје ја нарече „група хомосексуалци“, писателот Такис Теодоропулос за македонскиот идентитет и јазик го употреби изразот „Makedonija Pride“, од кој вториот дел може да се толкува и како алузија на маршевите на припадниците на ЛГБТ-заедницата.

„Јас разбирам зошто еден Фиромјанец, Скопјанец или Горномакедонец има проблем со идентитетот. Мора да биде загрижен за својот идентитет. Оставам настрана дека соживотот во нејзините граници се третира како принуден или циничен компромис од најмалку три заедници со посебно национално обележје. Тој зборува јазик што има ниска длабочина на историска заднина, рудиментарна литература и, всушност, е мешавина на различни други јазици. Времето на неговото самостојно потпирање е мало. Детството е секогаш несигурно, му се потребни покровители, особено за луѓе кои се обидуваат да научат демократија, луѓе што никогаш претходно не ја познавале. Според тоа, логично е да се бара единствен идентитет, дури и превентивно, да стои на нозе. Тоа е она што го објаснува периодот на Груевски со ‘Makedonija Pride’, со кој се објаснуваат иредентистичките одредби од неговиот Устав“, напиша Теодоропулос во својот коментар насловен „Makedonija Pride“ во угледниот весник „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top