За време на паузата за судењето за насилството во Општина Центар во кое меѓу обвинетите се експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, информатичарите ги отстраниле камерите затоа што биле потребни за друго судење. Судијата Душан Јосифов отиде да ги бара камерите низ судот за да продолжи рочиштето.
„Дојде живот“, рече Миле Јанакиески во врска со случувањата во судницата.
„Ова се единствени камери во судот. Ова е како вицот кога Цацко го врзува точакот пред Влада“, рече обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски.
Инаку, камерите ги позајмила судијката од бомбите Софија Лаличиќ. Бидејќи нејзиното судење се одложило, на судењето против Груевски и Јанакиески има втора пауза за да се вратат камерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


