Според наводите на весникот, главната причина за ваквиот чекор на Брисел е тоа што Балканот служи како главен “терен“ преку илјадници мигранти доаѓаат до границите на Европската унија. Меѓутоа, тоа не е се, ФТ наведува и дека ЕУ стравува од проширувањето на руското влијание, на подрачје каде традиционално има сојузници.
Забележано е, како што наведува весникот, дека Москва почнала цинично да ги коментира ветувањата на ЕУ дадени на земјите од Западен Балкан во врска со членството, наметнувајќи се себе си како “алтернатива“.
„Значителен број на граѓани во регионот веруваат дека нивната земја никогаш нема да се приклучи на ЕУ“ – изјави Флориан Бибер, експерт за југоисточна Европа на Универзитетот во Грац.
Новиот план на Брисел ќе биде претставен на Европската комисија на 6 февруари кога ЕУ би требало, според претходните најави, да го претстави својот план за Западен Балкан. Се очекува новиот план да биде, наведува „Фајненшел тајмс“.
Рокот за “големото проширување на ЕУ“ е датум кој веќе се спомнува и претходно, а тоа е 2025 година. Сепак, многумина сметаат дека тоа е преамбициозно, но дипломатите на ЕУ наведуваат дека тоа е потребно, за да се зацврсти врската меѓу Брисел и државите настанати со распадот на СФРЈ.
Еден ЕУ дипломат, кој го заговара проширувањето на Унијата изјавил за весникот дека “тие шест земји не се надвор од ЕУ, туку дека се внатре и му се потребни на Брисел“. Исто така според неговите зборови 2025 година е датум кој е подложен на промени.
Меѓутоа, Фајненшел тајмс истакнува дека споменатите шест земји сепак, пред конечниот прием во ЕУ ќе мораат да ги решат сите отворени прашања кои постојат веќе со години, како проблемите со корупцијата. Во таа смисла, како што се истакнува, најблиску до достигнување на целта за влез во 2025 година се Србија и Црна Гора.
Весникот потсетува дека и Бугарија, која моментално претседава со Унијата, но и Австрија која ќе ја наследи, како свои приоритети го одредиле проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст