| четврток, 6 декември 2018 |

По 36 години од смртта на Натали Вуд, сопругот Роберт Вагнер е главен осомничен

По 36 годни од смртта на Натали Вуд, нејзиниот сопруг, актерот Роберт Вагнер (87), полицијата од Лос Анџелес го прогласил за главен осомничен во тој случај.

Полицијата изјави дека последните шест години откако го истражуваат овој случај, заклучиле дека Вагнер е главниот осомничен.

Натали Вуд се удави кога со Вагнер и пријателот, актерот Кристофер Вокен (74) во ноември 1981 година тргна со брод до островот Санта Каталина.

Од екипажот на бродот бил само капетанот Денис Даверн. Сопружниците и Вокен ноќта ја минале пиејќи вино и дружејќи се, се додека не почнала кавга помеѓу Роберт и Кристофер. Роберт во конфликтот скршил шише од масата. Меѓу нив застанала Натали која ја продолжила караницата со Роберт.

Телото на Натали Вуд било пронајдено следното утро во морето. Била облечена во ноќница. Вуд имаше 43 години кога почина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top