| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиствен напад во базата на ЦИА во Кабул

Бомбаш-самоубиец утрово изврши напад во хотел во кој била сместена базата на американската тајна служба ЦИА. Покрај хотелот „Ариана“, нападнати биле и претседателската палата и зградата на Министерството за одбрана, но освен самоубиецот, други жртви нема.

Нападот на претседателската палата бил извршен непосредно пред авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да одржи прес-конференција на која требало да говори за напорите за почнување преговори со екстремистите.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top