| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Среќна нова година“ в недела на сцената на Турски театар

НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата „Среќна нова година“по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс

во режија на Бојан Трифуновски на  04. 02. 2018 г. ( недела ) со почеток во 20.00 ч.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија и се изведува со титл на македонски јазик.

Сценографија: Љупчо ЈОВАНОВ, Костимографија: мр. Елена ВАНГЕЛОВСКА и Антонија ГУГИНСКА ЈОРДАНОВСКА, Музика: Ади ИМЕРИ, Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА и Асистент на режија: Сибел АБДИУ.

Улогите ги толкуваат: Фунда ИБРАХИМ, Несрин ТАИР, Зубејде АЛИ, Емине ХАЛИЛ, Селпин КЕРИМ,     Џенап САМЕТ, Неат АЛИ, Аксел МЕХМЕT, Един ЈАКУПОВИЌ, Берхеда РЕШИТ.

-Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална  соба има пијано и во неа тој комуницира со своите претци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 за 12, пред нова година, 10 масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и само-соочување. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во ефтин зајачки костим. Лабораторија за самоспознание и за обид да се дефинира процесот на елиминација на непродуктивни идеи во творечкиот ангажман. Човек против нечовечноста во себе. Човек со пијано како метафора против смртта, вели режисерот Бојан ТРИФУНОВСКИ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top