Советот на јавните обвинители избра седум јавни обвинители кои ќе бидат дел од одделението за организиран криминал и корупција. Меѓу нив, реизбрана е обвинителката која го води случајот „27 април“, Вилма Русковска и обвинителот кој го водеше „Диво насеље“, Наум Пановски. Во организиран криминал останува и обвинителката Сузана Мирчевска. Во овој оддел оди и обвинителката Марија Ѓоргева. Она што остава впечаток е фактот што избраната Ѓоргева е во роднинска врска со сопругата на Штериев. Тој и самиот го потврди ова но тврди немало судир на интереси. Вели гласал воздржано. Освен ова Ѓоргева е позната на јавноста поради што што заедно со уште една обвинителка првично беа дел од тимот на специјалната обивнителка, но подоцна излегоа оттаму со официјално образложение од Јанева дека и се потребни помалку обвинители.
Во надлежното обвинителство за организиран криминал не е избран обвинителот Владимир Милошевски кој го водеше „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.
И обвинителката Лидија Раичевиќ која го води предметот „Еразмус“ за професорите од економски факултет и „Ровер“ против Љубе Бошкоски исто така не е реизбрана во обвинителството за организиран криминал.
Практично обвинителите кои му биле обвинители на Зоран Заев и на Љубе Бошковски во нивните предмети не се реизбрани без никакво сериозно образложение. Со ова Заев испраќа порака дека секој обвинител кој ќе отвори обвинение против него или негови блиски ќе биде казнет.
Штериев очигледно не смее да каже дека таква задачи добива од политичарите, туку мора одлуките да ги објаснува со општи фрази.
СДСМ додека беше во опозиција ветуваше немешање во судството и обвинителството и бирање судии и обвинители според мерит системот или колку се тие квалитетни во својата работа. Но што се случи откако наместо судии со најмногу поени и кои се на врвот на табелата на учинок, избраа шести и седми по ред рангирани, почнаа чистка во обвинителството ни помалку ни повеќе со обвинители кои се дрзнале да отворат обвинение за нив.
За меѓународните претставници како Столтенберг од НАТО, какои ЕУ претставниците Хан, Могерини, но и за амбасадорите во Македонија во ова нема ништо спорно. Нивниот избраник Заев треба да го смени името, а во меѓувреме може да прави што сака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст