Европската полициска агенција Европол направи процена на опасноста од италијанската мафија и од организираниот криминал во ЕУ. Процените што во текот на две години ги правеле разузнавачките аналитичари на Европол укажуваат како главните италијански групи – главно Коза ностра, Камора и Ндрангета, функционираат во светот, но и како остануваат незабележливи.
Главните криминални активности на овие групи се перење пари и шверц со дрога, вклучени се и корупцијата, фалсификувањето и шверцот со отровен отпад. За време на кризата, имотот на организираните групи им овозможува полесно влегување во легалната економија и во бизнисот на кој му е потребна ликвидност. Со „Стратегијата на експанзија“ криминалци сега се шират во деловите на Италија и на Европа, кои не биле погодени од организиран криминал, што може да причини долгорочна сериозна штета врз еконимијата на ЕУ.
Процената од закани содржи и повеќе препораки за полициските и за политичките власти, а Европол почна и еден проект посветен на борбата против италијанските криминални банди.
– Италијанските мафии се меѓу најопасните во Европа и за борба со нив е потребен сеевропски пристап. Ние за спроведување на законите треба да соработуваме за да се искоренат најопасните криминални групи – смета директорот на Европол, Роб Вајнрајт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


