| четврток, 6 декември 2018 |

Возачи, ако патувате често кон Бугарија ова се новитети кај вињетите

Валидноста на старите вињети во соседна Бугарија истекува денес. Трговската мрежа е обновена со над 3 милиони нови налепници, пишуваат бугарските медиуми.

Цените на вињетите се непроменети. Годишната цена на автомобилската е 97 левови, месечната 30 , а неделната изнесува 15 левови.

Оваа година новина е тримесечна вињета со цена од 54 лева.

Валидноста е исто така изменета – налепниците ќе важат 12 месеци од датумот на издавање, а не до 31 јануари.

Агенцијата за патна инфраструктура од соседна Бугарија потсетува дека паричната казна за возење со истечена налепница е 300 левови.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top