Македонија го донесе Законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, со кој се укинува доделувањето на оваа титула која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати. Законот ќе продолжи да важи за петтемина од шесте добитници на титулата. Од востановувањето во 2011 таа им беше доделена на: Симон Трпчески, Милчо Манчевски, Есма Реџепова, Борис Трајанов, Ана Дурловски и Никола Маџиров. Образложувајќи ја потребата за укинување на Законот, кога тој беше во прво читање во Собранието, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски соопшти дека за надоместоците на петте живи национални уметници за 2017 година се потребни четири милиони денари од Буџетот на РМ или за секој од нив месечно бруто по 66.300 денари.
репортер.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст