| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во НБА – загина Расуал Батлер со сопругата

Поранешниот НБА кошаркар Расуал Батлер и неговата сопруга загинаа во сообраќајна несреќа во Калифорнија.
Според медиумите , Батлер изгубил контрола над Ренџ роверот и се забил во ѕид. Истрагата потврдува дека џипот забрзувал пред да удри во ѕидот.

Батлер во НБА лигата одигра над 800 натпревари и на 38 годишна возраст неодамна се прости од дресот на Сан Антониот Спарс.

Тој во НБА помина 14 сезона , каде најголемите успеси ги направи во дресот на Лос Анџелес Клиперс.

На 809 натпревари тој просечно бележеше 7,5 погодоци со 2,4 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top