| четврток, 6 декември 2018 |

Се чешлате веднаш штом ќе се разбудите – правите голема грешка

Иако досега сте имале можност да слушнете и прочитате бројни трикови поврзани со негата за коса, веруваме дека овој посебно ќе ве изненади.

Имено, сите жени наутро ја чешлаат својата коса. Меѓутоа не се ни свесни дека тоа е една од најголемите грешки.

Експертите и фризерите предупредуваат дека тоа е погрешно.

Фризерот Џорџ Нортвду, кој се грижи за фризурите на славните жени, вели дека чешлањето наутро влијае врз фризурата.

-Никогаш немојте да се чешлате наутро. Прво тоа води кон електрицитет, а второ е што секогаш постои опасност од уништување на фризурата. Наместо со четка, низ косата поминете со прсти – вели Џорџ.

Тој советува да се легнува со ниска пунџа за косата цела вечер да биде на место, а наутро да се разбудите со природно брановидна фризура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top