Во текот на минатата година во земјава се откриени нови 300 случаи на рак на грлото на матката. Ова е болест која може да се превенира со вакцинација, а наскоро треба да се изведува со деветвалентни вакцини.
– Најважно е да се покрене јавната свест кај жените за редовни контроли и тестови – беше посочено на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на Европската недела за борба против рак на грло на матка која трае од 28 јануари до 4 февруари.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека министерството е посветено на спроведување на скрининг програмата за жените од сите возрасти и најави дека од годинава ќе се направи надградба на системот и резултатите од ПАП тестовите ќе се добиваат многу побрзо.
Потенцира дека лани се прегледани 27.000 жени меѓу 46 до 60 години и кај 87 проценти наодот бил негативен, а кај 13 проценти позитивен и тоа за ХПВ инфекции и ЦИН 1.
– Годишно се откриваат од два до три случаи на карцином на матка на грло кај пациентки кои по направениот преглед се спроведуваат на понатамошна дијагностика, а по потреба и лекување – рече министерот за здравство.
Апелира до жените редовно да се јавуваат кај своите матични гинеколози на прегледи.
– Ова, истакна, е болест која може да се превенира, која дури доколку се открие во рана фаза може да се преземат мерки за лекување со што таа целосно може да се излекува – истакна Филипче.
При тоа, најави, Македонија може да биде една од петте земји во светот која ќе влезе во програмата на Бил и Мелинда Гејтс со што целокупната женска популација од сите возрасни групи ќе биде вакцинирана со новата деветвалентна вакцина за ХПВ.
Горан Димитров од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и претседател на Здружението за ХПВ на Република Македонија рече дека новата деветвалентна вакцина е одобрена од Светската здравствена организација и е против девет типови ХПВ што се причинители на 92 проценти од цервикалниот карцином.
Ова, како што посочи е изум на 21. век и оти со неа индиректно се штити од малигна болест.
Апелира дека најважно е покревање на јавната свест и она што се вели да се влезе во главата на жената дека таа треба да направи тест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст